Достапни линкови

Спречен напад во пристаништето во Карачи


Полицијата во пакистанскиот град Карачи соопшти дека спречила напад врз објект за складирање на нафта во близина на главното пристаниште. Полицијата прецизира дека тројца мажи облечени во женски бурги синоќа се обиделе да влезат во објектот при што го убиле стражарот. Напаѓачите избегале, откако другите стражари отвориле оган врз нив. Идентитетот на напаѓачите е непознат, но полицијата смета дека тие би можело да бидат поврзани со исламските милитанти.
XS
SM
MD
LG