Достапни линкови

logo-print

Прилепскиот Тутунски Комбинат не оди во стечај


Прилеп

Прилеп

Прилепскиот Тутунски Комбинат се спаси од стечај. Владата ги плати огромните и долгогодишни долгови на компанијата кон Фондот за ПИОМ. Сега државата е газда на 70% од капиталот на компанијта.

Прилепскиот Тутунски Комбинат се спаси од стечај, има перспектива, зашто Владата ги плати огромните и долгогодишни долгови на компанијата кон Фондот за ПИОМ. Структурата на капиталот е целосно променета, па од довчерашните 45,5 % сега државата е газда на над 70% од капиталот на компанијата, кој со новата проценка е вреден околу 94 милиони евра. Додека 15% од капиталот е во рацете на приближно 1200 актуелни вработени, но и пензионери на фирмата.

„Практично државата го реши проблемот за да не одиме евентуално во стечај, само ни призна одредени долгови и тие долгови ги откупи и ги конверзира во траен влог. Понатаму цела одговорност е на менаџерите на Тутунскиот Комбинат и на сите вработени.“

Вели директорот Жарко Христоски, истакнувајќи ги заложбите, сите вработени да останат на своите работни места.

„Иднината на вработените дури сум јас на оваа фунцкија од ниту еден вработен не се откажуваме. Нема присилно технолошки вишок, нема присилно бркање од работа, само доколку си ги почитуваат правата и обврските како работници. А,оние кои сакаат да одат
Практично државата го реши проблемот за да не одиме евентуално во стечај, само ни призна одредени долгови и тие долгови ги откупи и ги конверзира во траен влог. Понатаму цела одговорност е на менаџерите на Тутунскиот Комбинат и на сите вработени
технолошки, слободно законот за сите важи.“

Ова ветување на Христоски секако дека ги симнува тензиите и ја стопира долгогодишната агонија на вработените кои постојано живеаја во страв дека ќе останат на улица, зашто стечајот на Комбинатот висеше секој момент. Но, сепак финансиските проблеми на фирмата не завршија. Според Христоски, ревизорска куќа го чешла работењето на екс раководниот тим до 2008 година, која според завршната сметка евидентира загуби од 8,4 милиони евра, а остануваат и обврските за исплатата на хипотекарните кредити во банките во вредност од околу 14 милиони евра. Менаџерите имаат стратегија и визија, Комбинатот да застане на здрави нозе.

„Да се сконцентрираме кон поголема реализација на цигари на домашен пазар и да најдеме извозници на цигари во регионот или подалеку, во делот со цигарна фабрика. Во делот со Дооел Тутун да најдеме средства да инвестираме во нова технолошка опрема, бидејќи тука долгорочно Тутунски Комбинат односно Република Македонија како тутунопроизводствен регион да откупува,произведува и продава поголеми количини ориенталски тутун, а со тоа и девизните приливи би биле зголемени.“

За оваа инвестиција се потребни околу 2,2 милиона евра, средства кои Комбинатот не може засега да ги обезбеди. Но, сепак се вложуваат напори да дојде до соодветна солуција.Новата современа линија ќе значи ставање во фунцкија на целиот расположлив капацитет на Комбинатот, вели Христоски, зашто ќе може да се задоволат барањата на сите странски партнери.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG