Достапни линкови

logo-print

Повлечено обвинението против поранешниот албански министер за одбрана


Врховниот суд на Албанија ги повлече обвиненијата против поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу во врска со големата експлозија во воен магацин во близина на Тирана минатата година, во која загинаа 26 лица.
Парламентот му го одзеде имунитетот на Медиу, кој по настанот поднесе оставка. Тој беше обвинет за неизвршување на службените задолженија, но денеска обвинението е повлечено, откако тој беше реизбран за пратеник на парламентарните избори на 28 јуни и имунитетот му беше вратен.
Медиу е предложен за министер за животна средина во новата албанска влада.
XS
SM
MD
LG