Достапни линкови

Принудно слетување на авион во Штудгарт


Патнички авион принудно слета на аеродромот во Штудгарт, откако претходно не успеа целосно да ги спушти тркалата за слетување. Авионот слета на заштитен слој од пена со делумно спуштени тркала.
Воздухопловните власти велат дека еден патник е полесно повреден, а една стјуардеса е префрлена во болница.
Авионот со 73 патници и 5 члена на екипажот летал од Берлин.
Меѓу патниците во авионот Фокер 100 бил и Франц Мунтеферинг, претседател на централно-левата Социјалдемократска партија, која е една од владејачките партии во Германија.


XS
SM
MD
LG