Достапни линкови

Бугарија заплени 95 килограми хероин


Бугарската царина соопштува дека, на турско-бугарската граница запленила 95 килограми хероин, во турски камион што одел кон Германија. Вредноста на хероинот се проценува на околу 15 милиони долари. Возачот на камионот е притворен.
Бугарија влезе во Европската унија во 2007 година, но остана главна транзитна земја за шверц на дрога.
Вклучувајќи ја денешната заплена, Бугарија заплени 273 килограми хероин во изминатите три недели, соопштува царината.
XS
SM
MD
LG