Достапни линкови

Опел може да отпушти 20 отсто од вработените


Канадско-австралиската компанија Магна, која го купува Опел, соопштува дека би можело да отпуштат околу 10,5 илјади работници од овој автопоизводител, што е 20 отсто од вкупниот број вработени во Опел.
Извршниот директор на Магна вели дека речиси половина, или 4,5 илјади работници ќе бидат отпуштени во Германија.
Минатата недела, американската компанија Џенерал моторс се согласи да им продаде 55 отсто од акциите на Магна и нивните руски партнери Сбербанк.
Опел вработува околу 49 илјади луѓе во своите фабрики во Германија, Шпанија, Велика Британија и Полска.
XS
SM
MD
LG