Достапни линкови

logo-print

Србија треба да го отпушти секој петти административец


Министерката за финансии на Србија Диана Драгутиновиќ вели дека Белград ќе мора да отпушти 14 илјади владини службеници, или една петтина од владиниот сектор, за да ги исполни условите за добивање поголема финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд.
Фондот го одложи стенд-бај кредитот од 4 милијарди долари за Србија, барајќи информации за тоа, како Србија планира да го финасира растечкиот буџетски дефицит.
Околу 31 илјада работници, или 5 отсто од вкупната работна сила во Србија ги изгуби работните места за време на кризата.
XS
SM
MD
LG