Достапни линкови

Поранешен советски специјалец на суд во Литванија


Судот во Литванија одлучи да му суди на поранешен припадник на советските специјални полициски сили, откако го отфрли тврдењето на одбраната дека нема основа за судење.
Специјалецот Константин Никулин е обвинет дека во 1991 година ликвидирал 7 литвански граничари на преминот Медининкаи, на границата со Белорусија.
Никулин кој го сменил презимето во Михајлов и станал латвиски државјанин беше уапсен во Латвија која го екстрадираше во Литванија во ноември 2007 година. Русија одбива да ги екстрадира тројцата други осомничени.

XS
SM
MD
LG