Достапни линкови

7 години затвор за грузиски шпион во Русија


Рускиот суд, денеска осуди еден човек за шпионажа во корист на Грузија на седум години затвор. Обвинителот вели дека осудениот Аликсандар Хачиров бил регрутиран од Грузија да го следи распоредувањето на руските војници и мировници во и околу сепаратистичката област Јужна Осетија.
Хачиров живее во градот Владикавказ, на границата со Јужна Осетија.
Минатиот месец, рускиот суд го осуди армискиот офицер Михаил Хачидзе на шест години затвор поради предавство, зашто шпионирал во корист на Грузија.


XS
SM
MD
LG