Достапни линкови

Прогресивен или рамен данок?


Пари и кредитни картички
Пари и кредитни картички

Во својата економска програма опозиционата СДСМ најавува воведување на прогресивен данок, наспроти сегашниот рамен данок што е политика на владечката ВМРО ДПМНЕ. Според економските експерти секој субјект во државата треба да плаќа данок според остварениот профит.

Подомаќинско трошење на парите од буџетот, неоданочување на штедните депозити и заменување на рамниот данок со прогресивен, се дел од активностите кои опозициската СДСМ ги предвидува во својата економска програма. Но, дали прогресивниот данок е посоодветен од веќе воведениот рамен данок? Дел од експертите велат дека секој субјект во државата треба да плаќа онолку данок колку што остварува профит. Професорот Тихомир Јовановски вели дека прогресивниот данок го вовеле сите земји пред да станат дел од Европската Унија.

„Ако е данок на добивка, односно на профит, нормално дека треба да придонесува за земјата оној што повеќе создава.“

Јовановски додава дека во странство поголемите инвеститори имаат и даночни олеснувања:
Водењето на политика на рамен данок, води кон популизам – сите сме еднакви. Но, сепак не сме сите еднакви, немаме еднакви прсти, еднаков памет, немаме сите еднаква навика за работа


„И тука има една корекција, ако тој стопанственик што платил данок и корпорација која исто така платила данок, да речеме 60-70% доколку инвестира во земјата, а во повеќе земји го има тој пример, износот на инвестираните средства се одбива од основицата за оданочување.“

Рамната даночна стапка, според Јовановаски, е најсоодветна при пресметување на данокот на имот:

„Водењето на политика на рамен данок, води кон популизам – сите сме еднакви. Но, сепак не сме сите еднакви, немаме еднакви прсти, еднаков памет, немаме сите еднаква навика за работа.“

Од приватните фирми велат дека за нив, посебно во услчови на криза, е најважно да се намалт дел од давачките кон државата. Бизнисменот Горан Антевски вели дека и покрај рамниот данок, компаниите се уште ги чекаат најавените олеснувања кои се пример во странство.

„Секако треба да се седне да се размисли дали сето тоа може да доведе до некои позитивни решенија и зголемување на приходот за државата, но секако секогаш треба да се гледа и дургата страна, значи треба да се намалуваат расходите во буџетот, за да може да опстои самото стопанство, затоа што тоа е оптеретено со голем број на даноци кои што се најавуваше дека ќе се намалат, но реално не се намалија.“

Инаку, главна заложба на опозицијата во поглед на економијата е приватниопт сектор да ја има главната улога во инвестирањето, наместо главен инвеститор да биде државата.

XS
SM
MD
LG