Достапни линкови

Македонските фармери ке лобираат во Брисел


Делегација составена од членови на Федерацијата на фармери, Алијансата на кооперативите на Македонија и Националната асоцијација на сопствениците на приватни шуми од 21 до 25 овој месец ќе престојува во работна посета на Брисел. Целта на посетата е фармерите да разговараат со европските претставници за македонскиот земјоделско-прехранбен сектор, за преговорите за членство и за предизвиците што им претстојат на нашите земјоделци. Притоа, повторно ќе ги пренесеме и реафирмираме ставовите за состојбите во македонскиот аграр, рече Мартин Трајчев, претставник на ФФРМ во Брисел.Според него, ФФРМ, АКОМ и НСПШ одлучија да формираат конфедерација која ќе лобира за нивните интереси во ЕУ.
XS
SM
MD
LG