Достапни линкови

Во пожар во руска воена база загинаа пет војници


Во пожар во воената база Тамбов во Русија загинаа петмина војници. Се претпоставува дека се уништени и тајни безбедносни документи, бидејќи во пожарот изгорел голем дел од зградата во која се наоѓало оделението на надворешната известувачка служба, пренесува новинската агенција Риа новости. Заменик министерот за одбрана Алексеј Кузњецов пристигнал во базата да ги утврди причините за пожарот.
XS
SM
MD
LG