Достапни линкови

Куба се прости од командант Боске


Илјадници Кубанци се собраа вчера да му оддадат почит на Хуан Алмеида Боске, потпретседател на кубанскиот Државен совет и херојот на револуцијата од 1959 година, кој почина во петокот на 82 години. Церемонијата на хаванскиот револуционерен плоштад ја предводеше претседателот Раул Кастро, додека пак Фидел Кастро не беше присутен. Во целата земја во негова чест знамињата се на пола копје и пред неговата фотографија се положени црвени рози.
XS
SM
MD
LG