Достапни линкови

Неделен печат – Анализи за потонувањето на ,,Илинден“


Скопје
Скопје

Трагедијата на бродот ,,Илинден,, во Охридското Езеро е главна тема за домашните неделници. ,,Форум,, ,,Сега,, и ,,Фокус,, кои на своите насловни страници и во водечките стории во детали ги анализираат причините за потонувањето на бродот.

Трагедијата на бродот ,,Илинден,, во Охридското Езеро е податлива тема за домашните неделници. ,,Форум,, ,,Сега,, и ,,Фокус,, на своите насловни страници и во водечките стории во детали ги анализираат причините за потонувањето на несреќниот брод, при што ,,Форум,, оди дотаму што алудира на некаков заговор, поточно пресметка на локални охридски криминалци со група луѓе во Охридската капетанија, познати по своето незаконско работење, при што настраданите туристи се колатерална штета. Во статијата со наслов ,,Трагедија-несреќа или пресметка,, ,,Форум,, пишува дека кога старото и новото раководство на Капетанијата им се противставило не сакајќи да им го даде бараниот рекет, локалните криминалци ги оствариле заканите со оштетување на бродот. Неделникот дури изнесува и втора верзија- за заговор од меѓународен, поточно балкански ранг. Човек кој бил добро упатен во бизнис-зделките на неколкумина балкански премиери, наводно требало да заврши некаква работа во Македонија и со групата обични граѓани да се врати во Бугарија. Фактот што ги знаел сите наводни дејанија на наведените политичари бил главната причина за негова ликвидација, токму преку несреќата на ,,Илинден,,. Неделникот ,,Фокус,, пак, како причина за потонувањето на несреќниот ,,Илинден,, ја наведува политичката нетрпеливост меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во сторијата со наслов ,, Груевски го минираше градоначалникот на СДСМ, но го потопи бродот ,,Илинден,, ,,Фокус,, покрај другото пишува дека три аспекти можат да се доведат во врска со потонувањето на бродот. Првиот, кој се однесува на техничката исправност, односно неисправност на бродот што потона, вториот на институционалната одговорност на Охридската капетанија и на Министерството за транспорт за хаосот што владее на Охридското езеро, а на кој му кумува директно власта од политички, но и од лукративни причини на луѓето блиски до обезбедувањето на премиерот, пишува ,,Фокус,, и додава дека третиот аспект е односот на Владата кон локалната самоуправа со која раководи градоначалник од главниот оппонент, СДСМ, поради што власта го игнорира ,,македонскиот бисер,,, одземајќи му ги сите надлежности на градот и запуштајќи го Охрид. И неделникот ,,Сега,, во последниот број објавува опширно ,,Досие: Охридски бродолом,, под наслов ,, Сакам да бидам капетан беле лаѓе,, во кое детално ги обработува причините, но ја лоцира и одговорноста за несреќата на ,,Илинден,, поради непочитувањето на Законот за внатрешна пловидба. Министерството за транспорт и Охридската капетанија ги имаат главната вина и одговорност, заклучува неделникот ,,Сега,, зошто ниеден брод во Охрид не е баждарен, што според експертите е најзначајната ставка во одредување на пловидбената дозвола и зошто се пуштаат да пловат претоварани бродови плус без соодветен број на спасувачка опрема.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG