Достапни линкови

logo-print

Со партиски кадар нема квалитетно образование


Основно училиште во Куманово

Основно училиште во Куманово

Кумановци сметат дека партиските вработувања во образованието придонесува за неквалитетно образование. И во локалната самоуправа со став дека политиката негативно се одразува врз образовниот ситем.

Долгогодишната пракса на вработување партизиран кадар во образованието, како и со повеќе години нерешен статус на наставниците резултира со неквалитетно образование во Куманово, сметаат кумановци. Какво образование имаме?

„Имаме и добро и лошо образование. Професорите треба на време да се вработуваат и да дадат придонес за нашата млада генерација.“

„На професорите треба да им се реши статусот.“
Вработувањето на професорите треба да е по стручна, не по партиска линија. Квалитетен кадар е потребен за развој на државата


„Не сум многу задоволен. Партиски определени професори така гледаат и на децата.“

„Партизирани професори тоа негативно се одразува во образованието.“

„Вработувањето на професорите треба да е по стручна, не по партиска линија. Квалитетен кадар е потребен за развој на државата.“

„Договор за дело максимум една година, на луѓето треба да им се дадат решенија.“

Велат кумановци независно дали се лево или десно партиски определени или како што додаваат за себе спаѓаат во неутралните. Кумановец кој четири децении живее во Данска за тамошното образование раскажува дека е задоволен.Таму професорите се:

„Неутрални. Нема политички партии.“

За талентираните деца тој додава:

„Ги помагаат талентите без оглед какво им е потеклото.“

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека политиката манипулира со родителите, а преку нив и со децата. Децентрализиацијата сеуште не е до крај завршена и политиката има влијание при избор и на менаџерскиот тим и на наставниците. Според европските стандарди таа треба да се тргне од образованието. За нерешениот статус на наставниот кадар Дамјановски вели дека тоа е непопуларна пракса и дека има луѓе кои по 10,12 и повеќе години работат со договор за дело.
Не сум многу задоволен. Партиски определени професори така гледаат и на децата


„Секоја година судбината на тие луѓе зависи од вољата на некој претпоставен за продолжување на тој договор. Таа пракса треба да се прекине и наставниците ќе можат самите да ја креираат наставата и да се однесуваат како професионалци согласно програмата од Министерството, односно од Бирото за развој.“

Во Куманово Дамјановски додава дека за сега постои технички проблем за настава на албански јазик во вишите одделенија во Основното училиште „Толи Зордумис“. Локалната самоуправа со ресорното Министерство презема мерки за идната година да се догради зграда за обезбедување просторни и технички услови за изведување настава.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG