Достапни линкови

logo-print

Се намалува нивото на езерото Младост


Нивото на езерото Младост е пониско за 60 сантиметри. Се испитуваат причините за недостигот на водата. Појава на понирање или губење на езерската вода на Младост имаше и пред шест месеци.

Драстично се намалува водата во велешкото езеро Младост. Во последниве недели водојстојот е понизок за цели 60 сантиметри. Засега не се знае која е причината за намалувањето на нивото на езерото. Стручни тимови од локалната самоуправа и ЈКП Дервен деновиве извршија увид. Првичните сомнежи дека водата се губи преку колекторскиот систем се покажаа како неточни.

„Извршен е увид во целата канализациона мрежа, односно колекторскиот систем. Констатирано е дека и во самата мрежа, но и околу мрежата нема воопшто појава на подземни води кои би укажувале на фактот дека езерото ја губи водата преку овој систем.“
Не би сакал да преудицирам, но знаете дека езерото е направено и за наводнување на околните земјоделски површини. Можно е да има повеќе фактори кои влијаат на очигледното намалување на нивото на езерото


вели градоначалникот Горан Петров. Локалната самоуправа ќе изработи запосник од своите активности кој ќе го испрати до државните институции. Ќе побара помош во изнаоѓање на одговорот која е причината за понирањето на езерската вода.

„Ќе побараме и од нивна страна да се направи инспекциски надзор, значи секој во својот дел да утврдиме како и зошто е дојдено до намалување на нивото на езерото.“

вели Петров. Сомнежите за исчезнувањето на езерската вода сега се насочени кон полињата, иако во овој временски период лозовите насади не се наводнуваат.

„Не би сакал да преудицирам, но знаете дека езерото е направено и за наводнување на околните земјоделски површини. Можно е да има повеќе фактори кои влијаат на очигледното намалување на нивото на езерото.“

потенцира градоначалникот Петров. Намалување на водите во Велешкото езеро имаше и пред шест месеци. И тогаш се претпоставуваше дека водата се губи кај колекторскиот систем, испитувањата покажаа дека со системот се е во ред. Иако ветија институциите кои работеа на откривање на причините за намалување на езерскаат вода и по шест месеци неодговорија која е причината и каде се загубија триесет сантиметри од езерското ниво.
XS
SM
MD
LG