Достапни линкови

Русија и Туркменистан без договор за гасоводот


Рускиот и туркменистанскиот претседател не успеаја да се договорат за временска рамка за обнова на гасоводот од Туркменистан кон Русија, кој беше уништен во експлозија, во април. Се очекуваше, на средбата меѓу претседателите на двете земји Дмитриј Медведев и Гурбангули Бердимухамедов, да се постигне напредок во решавањето на овој проблем.
Претходно, помошникот за надворешна политика на рускиот претседател Дмитриј Медведев, Сергеј Приходко рече дека компаниите за гас од двете земји наскоро ќе разговараат за цените и временските рокови за испорака.
Туркменистан бара брза поправка на гасоводот, зашто гасот, покрај нафтата и памукот носат најголем дел од приходите на земјата.
XS
SM
MD
LG