Достапни линкови

logo-print

Турција подготвена да посредува меѓу Иран и светските сили


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска изјави дека Анкара е подготвена да биде домаќин на евентуални разговори меѓу Иран и големите светски сили, за иранската нуклеарна програма, пренесуваат иранските медиуми. Според нив, Давутоглу ја дал оваа понуда на средбата со шефот на иранскиот врховен совет за национална безбедност Саид Џалили.
Турскиот министер изразил надеж дека преговорите ќе започнат „час поскоро“.
Сепак, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, денеска рече дека Иран е подготвен со светските сили да разговара за глобалната безбедност и за економски прашања, но дека нема да преговара за нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG