Достапни линкови

Градежна несреќа во Хонг Конг


Петмина работници загинаа при пад на лифтот, на градилиште на еден облакодер во Хонг Конг, соопштува полицијата. Изведувачот на работите, водечката хонгконшка фирма Сун Хунг Каи, покрај вообичаениот надомест за несреќни случаи, дополнително ќе им плати на семејствата на загинатите работници еден милион хонгконшки долари, или околу 130 илјади американски долари, рече секретарот за работа на Хонг Конг Метју Ченг.
XS
SM
MD
LG