Достапни линкови

Иран тужи свештеник за навреда на претседателот?


Иранското претседателство, наводно, ќе го тужи високиот реформистички свештеник, ајатолахот Јусеф Санеи за навреда на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
Иранската државна новинска агенција Фарс, објави дека правната канцеларија на претседателот ја подготвила тужбата која ќе му биде доставена на Специјалниот суд за свештеници.
Минатиот месец, конзервативниот весник Јаван го обвини ајатолахот Санеи дека користел навредливо име за Ахмадинеџад, кога зборувал со своите истомисленици. Канцеларијата на Санеи ги отфрли овие обвинувања.
Ајатолахот Јусеф Санеи е подржувач на опозицијата.
XS
SM
MD
LG