Достапни линкови

Русија и Туркменистан ја обновуваат гасната соработка


Русија и Туркменистан работат на обновување на снабдувањето на Русија со туркменистански природен гас, соопштува помошникот на рускиот претседател Дмитриј Медведев, Сергеј Приходко.
Компаниите за гас од двете земји наскоро ќе разговараат за цените и временските рокови за испорака, вели Приходко, кој го придружува Медведев при денешната посета на Туркменистан.
Извозот на гас од Туркменистан, годинава, беше нарушен, откако експлозијата на гасоводот во април, го сопре извозот низ Русија. Најголемиот производител на гас во централна Азија, сега извезува низ гасоводи што ја заобиколуваат Русија.

XS
SM
MD
LG