Достапни линкови

Израелскиот премиер треба да го посети Египет


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска, во Каиро треба да се сретне со египетскиот претседател Хосни Мубарак. Предвидено е тие да разговараат за заживување на израелско-палестинските мировни преговори.
Египет често игра улога на посредник меѓу Израел и Палестинците. Се очекува, Нетанјаху и Мубарак да разговараат за израелскиот план за проширување на еврејските населби на Западниот Брег, како и за барањето на Хамас, Израел да ослободи палестински затвореници во замена за ослободувањето на израелски војник, заробен од Хамас.
XS
SM
MD
LG