Достапни линкови

Големо нафтено наоѓалиште во Венецуела почнува со работа во 2012


Државната агенција за енергетика на Венецуела соопштува дека нафтеното наоѓалиште Јунин 6, кое е заедничка инвестиција со руски конзорциум, треба да почне со производство во 2012 година. Агенцијата вели дека е предвидено од наоѓалиштето, што се наоѓа во регионот на реката Ориноко, да се вадат по 400 до 450 илјади барели сурова нафта дневно. Се претпоставува дека Јунин 6 има 50 милијарди барели сурова нафта.

XS
SM
MD
LG