Достапни линкови

Протест во Вашингтон против плановите на Обама


Десетици илјади луѓе протестираа во Вашингтон, несогласувајќи се со планот за реформа на здравствениот систем на претседателот Барак Обама, како и со плановите за трошење на државните пари. Демонстрантите, кои беа координирани од конзервативни здруженија, велат дека се загрижени зашто, според нив, политиката на Обама може да довоеде до соцојализам и до банкрот.
Во меѓувреме, Обама, пред повеќе од 10 илјади луѓе во Минеаполис, одржа говор за подршка на планот за реформа на здравствениот систем, во предизборен стил.
Планот на Обама мора да биде одобрен од Конгресот за да стане закон.
XS
SM
MD
LG