Достапни линкови

Јордан ќе гради нуклеарна електрана


Јорданските власти потпишаа договор вреден 12 милиони долари со една белгиска компанија, во рамки на планот за изградба на првата нуклеарна електрана во таа земја.
Јорданскиот крал Абдула Втори, во јануари 2007 година, соопшти дека планира да изгради мирољубива нуклеарна програма, која беше подржана од САД. Властите во Аман оценуваат дека 30 отсто од енергијата во Јордан, во 2030 година, ќе отпаѓа на нуклеарна енергија и дека земјата ќе стане извозник на струја.
XS
SM
MD
LG