Достапни линкови

logo-print

Иран - Нема докази за силувања во затвор


Иранскиот судски совет ги отфрли наводите на опозицискиот лидер Мехди Каруби дека неколкумина затворени демонстранти од постизборните протести биле силувани во затвор.
По средбата со Каруби, Советот заклучил дека нема докази дека луѓето биле силувани, објави иранската државна новинска агенција Фарс.
Советот смета дека ваквите наводи служат за замајување на јавноста и препорача акција против Каруби и другите што ги објавиле овие наводи.
XS
SM
MD
LG