Достапни линкови

15 цивили загинаа во Сомалија


Најмалку 15 луѓе загинаа во минофрлачки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштува портпаролот на сомалиската влада. Тој вели дека бунтовниците, ноќеска го гаѓале пристаништето во Могадишу, но гранатите паднале во станбен дел на градот.
Граѓанската војна во Сомалија трае од 1991 година, кога беше симнат од власт диктаторот Мохамед Сиад Баре. Потоа, организациите што го симнаа од власт започнаа да војуваат меѓу себе.
XS
SM
MD
LG