Достапни линкови

САД се надеваат на суштински преговори со Иран


Соединетите Држави и нејзините партнери се надеваат на мултилатерални преговори со Иран, за што поскоро за да биде утврдено дали Иран има желба за решавање на проблемот со неговата нуклеарна програма. Портпаролот на Стејт Департментот, Филип Кроули изјави дека иако предлозите на Иран за преговори се разочарувачки, Вашингтон смета дека се можност за директен дијалог со Техеран. Ако Иран одбие сериозно да разговара за нуклеарното прашање, тогаш Соединетите Држави и партнерите, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, ќе донесат свој заклучок, изјави Кроули.
XS
SM
MD
LG