Достапни линкови

Коњановски - Македонија е кредибилен американски партнер


Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски испрати писмо со сочувство до американскиот секретар за одбрана Роберт М. Гејтс по повод осумгодишнината од терористичките напади во САД на 11 септември. Во него се додава дека терористичките напади од 11 септември 2001 година станале синоним за подмолно и грозоморно насилство, но, исто така, прераснале и во симбол на обединувањето на сите демократски нации во светот во борбата против современото зло. Република Македонија беше една од првите држави која одлучно пристапи кон меѓународната коалиција за борба против тероризмот и продолжува да биде ваш постојан и кредибилен партнер. Македонските мировници кои беа постојан партнер на американските мировници во Ирак, денес продолжуваат да го јакнат својот придонес кон нашите заеднички напори во Авганистан.
XS
SM
MD
LG