Достапни линкови

ЕУ- иранскиот предлог не одговара


Европската Унија денеска преку портпаролот Кристина Галах соопшти дека иранскиот предлог не одговара на клучните барања во врска со нуклеарната програма. Претходно со ист став излегоа и Соединетите Држави. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Иванов пак изјави дека во предлогот има материјал за работа и ги отфрли санкции против Исламската република. Преставници на светските сили денеска во Вашингтон ќе дискутираат за иранскиот предлог за намалување на западната загриженост околу нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG