Достапни линкови

logo-print

ЕУ оцени дека предлозите на Иран се несоодветни


Европската унија соопшти дека последните предлози на Иран не даваат одговор на клучните прашања што се однесуваат на иранската нуклеарна програма. Кристина Галах, портпарл на еврокомесарот Хавиер Солана, изјави дека документот бил повеќе фокусиран врз глобалните прашања, отколку врз нуклераните. Претходно и американскиот Стејт Департмент оцени дека предлозите на Техеран не ги исполнуваат очекувањата на Вашингтон. Претставници на Соединетите Држави, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија денеска треба да одржат состанок посветен на иранскиот предлог.
XS
SM
MD
LG