Достапни линкови

logo-print

Загреб и Љубљана постигнаа договор


Хрватска и Словенија постигнале договор за продолжување на хрватските пристапни разговори со Европската унија, како и за продолжување на преговорите за решавање на граничниот спор. Ова денеска во Љубљана го објавија премиерите на двете земји Јадранка Косор и Борут Пахор. Агенициите прецизираат дека Словенија ќе ги деблокира преговорите на Хрватска за членство во Европската унија, а Загреб ќе ги повлече спорните документи за границата меѓу двете држави. „Двете држави се победнички по напорниот и успешен дијалог“, изјави Пахор по денешната средба со Косор.
XS
SM
MD
LG