Достапни линкови

logo-print

Иванов и Милошоски на Генералното собрание на ОН


Прашањето за името со Грција и евро-атланските аспираци на Македонија ќе бидат едни од главните прашања за кои претседателот Ѓорѓе Иванов и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе разговарат на средбите со нивните колеги за време на одржувањето на Генералното собрание на ОН. Колку се важни ваквите собири за земјата?

Прашањето за спорот за името со Грција и евро-атланските аспираци на
земјава ќе бидат едни од главните прашања за кои македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе разговарат на билатералните средби со нивните колеги за време на одржувањето на Генералното собрание на Обедиентите Нации. Од МНР велат дека министерот во периодот од 20 до 27 септември ќе престојува на Генералното собрание. Од таму велат дека веќе се закажани одредени билатерални средби, а останува можноста да се закажат и други. Од кабинетот на претседателот на државата велат дека Иванов првин ќе патува за Германија, а оттаму оди во Америка, за одржувањето на Годишното собрание на ОН. Експертите објаснуваат дека во сверата на дипломатијата ваквите големи собири се доста важни, особено за помалите земји кои немаат развиено дипломатска служба. Професорот Денко Малевски вели дека сепак на Генералното Собрание, не треба да му се придава поголемо значење.

„Тоа е еден ,,панаѓур“ така да речам, на кој што дипломатиите на земјите практично доаѓаат со готова политика.“

Аналитирарот Махи Несини вели Генералното Собрание е голема шанса да се излобира за сите отворени прашања што ги има
Тоа е еден ,,панаѓур“ така да речам, на кој што дипломатиите на земјите практично доаѓаат со готова политика
Македонија.

„Повразано со проблемот со името односно да меѓународната заедница било во НАТО или ЕУ, да знае дека без Македонија, односно без Западниот Балкан, Европа не е целосна.“

Во меѓувреме преговарачките процеси за името се ставени во мирување. Грција е пред избори, а грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани неодамна го обвини Скопје дека продолжува со историските провокации.Професорот Малевски вели дека треба да видиме што е тоа што го иритира соседот во нашето поведение и да се изгради некаков заеднички настап, кој што претпоставува многу сериозни внатрешни поместувања..

„А особено оваа политика на антиквизација, политика на барање на директни корени. Еден од условите сега, веќе за успешно завршување на тој конфликт е напуштање практично на таа политика.“

Но, и покрај тоа провокациите продолжуваат. На европското првенство во кошарка, македонските навивачи за време на натпреварите истакнуваат огромно знаме со сонцето од виргина, а на преносот на натпреварот Македонија-Грција, грчките медиуми наместо името на Македонија оставија празен простор.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG