Достапни линкови

Собранието започнува да работи врз ребалансот на буџетот


Ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2009 година со кој се кратат расходите и приходите за 3,2 проценти од денеска е на разгледување во Парламентот. Почнува со расправа во собраниската Комисија за економски прашања, а во матичната Комисијата за финансирање и буџет ќе се најде наредната недела. Со овој ребаланс, кој е втор годинава дефицитот се намалува за околу 300 милиони денари, а ќе остане во проектираните рамки од 2,8 отсто од БДП. Ребалансот се прави со цел да се приспособи трошењето на државата со она што се случува во реалната економија. Направени се заштеди во сите категории на расходната страна.
XS
SM
MD
LG