Достапни линкови

Не брзајте со заклучоци - Холбрук за изборите во Авганистан


Американскиот пратеник за Авганистан Ричард Холбрук им порача на критичарите на изборите во Авганистан да не брзаат со заклучоци. Тој во интервју за Би Би Си, рече дека на Изборната Комисија треба да и се дозволи да го комплетира броењето гласови. Според Холбрук, повторување на изборите од 20 Август не е добра опција. Изборната Комисија подржана од Обединетите Нации досега го отфрли гласањето од 80 изборни места поради злоупотреби. Од 90 насто преброени гласови, Претседателот Хамид Карзаи доби над 54 насто.
XS
SM
MD
LG