Достапни линкови

logo-print

Ал Каида, 8 години по нападите врз Америка


Експертите се согласуваат дека Ал Каида веќе не е истата организација од 2001 година. Но, и покрај сите истражувања, многу нешта остануваат во рамките на шпекулациите, меѓу нив: дали нејзиниот лидер Осама бин Ладен е жив или не?

Едно од прифатените верувања е дека Ал Каида била премногу ослабена и затоа како организација не преставува најголема терористичка закана за светот. Сепак, осум години по нападите врз Соединетите држави на 11 септември, судбината на Осама бин Лaден останува непозната. А експертите продолжуваат да предупредуваат на нови терористички келии кои се инспирирани од идеологијата на Ал Каида или на глобалниот џихад. Маха Азам, експерт за Блискиот Исток на лондонски Четам Хаус вели:

,,Ал Каида како што ја претставуваме во контекст на нападите од 11 септември не е исто што и Ал Каида денес. Постојат келии кои можат да изведат акти на тероризам. Но, воопшто не е потребно тие да работат под исто раководство или орагнизациска структура.,,

Британскиот премиер Гордон Браун пред извесно време изјави дека три четвртини од најсериозните терористички заговори во
Британија се поврзани со лидерите на Ал Каида во Пакистан. Но, Пакистан ги отфрла ваквите обвинувања со забелешка дека
британските власти треба да се запрашаат зошто младите муслимани во таа земја стануваат екстремисти. Во меѓувреме, истражувањата сугерираат дека Ал Каида во изминативе осум години станала многу вешта во користењето на Интернетот при што комуницирањето се одвивало со шифриран јазик од исламската теологија и историја. Најџел Икестер, директор во Меѓународниот институт за стратегиски студии, смета дека главното раководство на Ал Каида се уште се наоѓало на границата меѓу Авганистан и Пакситан и оти последните акции на пакистанските и американските сили на таа територија беа удар за организацијата.
Се сомневам дека Осама бин Ладен има поголема секојдневна контрола врз операциите на Ал Каида. За него во моментов главно прашање е како да остане жив.


,,Можеби сега не би требало на Ал Каида да гледаме како на терористичка организација, туку како на движење и на идеолошки чадор за многу различни и децентрализирани групи.,,

Во овој период, како што додава, тие групи, како на пример од Северна Африка или од Јемен, се обидуваат да го преземат раководството од Ал Каида која е ослабена и дезинтегрирана. Сепак, тој смета дека Осама бин Ладен е жив и оти преку видео и аудио пораки ја ширел идеологијата на Ал Киада.

,,Се сомневам дека тој има поголема секојдневна контрола врз операциите на Ал Каида. За него во моментов главно прашање е како да остане жив.,,

Но, Рахул Беди, дописник од Јужна Азија за весникот Џејн Дифенс Викли, вели дека со најновата технологија може лесно да се манипуилра со видеата на кои се појавува Осама бин Ладен. Впрочем, како што додава, без оглед дали тој е жив или не, на Ал Киада и одговора да го развива митот за него.

,,Ал Каида е многу присутна. Нејзините капацитети да изведе напади како пред 8 години во моментов се игнорирани. Но, мислам дека се регрупира и оти станува посилна. Таа може да биде голема закана во иднина.,,

Беди претпоставува дека некои членови на Ал Киада го напуштиле Пакистан и оти сега се наоѓаат во Сомалија, Судан, Алжир и Јемен.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG