Достапни линкови

logo-print

Рекорден број на сиромашни во САД


Стапката на сиромашни луѓе во САД достигна 13,2 насто што преставува највисока стапка во последните 11 години, сопштуваат од тамошното биро за статистика. Според нивните податоци, секој 7-ми Американец, или приближно 40 милиони Американци минатата година ја проживеале во сиромаштија. Податоците на заводот за статистика се за 2008–та година и во нив не влегуваат податоците за првата половина на оваа година, кога неколку стотици илјади Американци останаа без работа.
XS
SM
MD
LG