Достапни линкови

Дневен печат – Оставката на Јанакиевски не прифатена


Macedonia -- Skopje building, undated

Macedonia -- Skopje building, undated

Главна тема во медиумите изминативе денови беше оставката на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, чија оставка по неколку дена размислување премиерот Груевски соопшти дека не ја прифаќа. Бродската несреќа ги засени спортските порази на македонските репрезентативци.

Премиерот Никола Груевски од Кина соопшти дека не ја прифаќа понудената оставка на министерот за транспорт Миле Јанакиевски, објави А1 Телевизија во средата, во последните вести во 23 часот. Телевизијата коментира дека оставките не им се силна страна на македонските политичари, потсетувајќи дека и во едно друго време, при атентат на претседателот Глигоров, тогаш премиерот Црвенковски не ја прифати оставката од првиот човек на Полицијата, Фрчкоски. Инаку, да не беше трагедијата на бугарските туристи со бродот ,,Илинден,, на Охридско Езеро главни вести во домашните медиуми ќе беа поразот на македонските фудбалери од Шкотите и поразот на нашите кошаркари од Грците во Познањ и победата врз Израелците. Бродската несреќа во медиумите предизвика цела лавина информации и коментари, поставување на стотици прашања, едноставно јавноста и медиумите се разбрануваа- како во време на избори. Сите медиуми, со извесни исклучоци, покрај деталните информации од Охрид и од Софија, со критички коментари пишуваа за молкот од страна на премиерот Груевски во врска со оставката од ресорниот министер Јанакиевски, телефонски понудена на денот на охридската трагедија. ,,Оставката на министерот Јанакиевски не смее да заврши само како моментен порив на одговорност или момент на залажување на јавноста,, пишува ,,Утрински,,. ,,Дневник,, пренесува ставови на неколку политички аналитичари кои велат дека доколку премиерот Груевски не ја прифати поднесената оставка, тоа значи дека ја презема одговорноста за целиот трагичен настан во Охрид. Во средата сите електронски медиуми ги илустрираа извештаите со тонски парчиња како министерот за финансии Ставревски одбива да одговори на новинарски прашања што станува со понудената оставка на Јанакиевски, до толку повеќе што Груевски замина во посета на Кина. Пресот е за друга тема, одговори Ставревски. Сите медиуми, исто така, го објавуваат решението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека Манакиевски немал директна одговорност и бараат премиерот да не му ја прифати оставката.Во изминативе денови, веројатно, без саканиот публицитет, помина веста дека Владата го намали ДДВ-то за становите, што премиерот го соопшти во познатиот манир, на групна прес конференција заедно со целиот свој Кабинет. ,,Утрински,, ,,Дневник,, и ,,Време,, пишуваат дека градежните фирми ја поздравуваат одлуката на Владата, истовремено пренесувајќи ги нивните мислења дека тоа нема драматично да ги поевтини становите, оти ДДВ-то е само еден сегмент кој учествува во формирањето на цената на квадратот за новоизградените станови. ,,Нова Македонија,, пак, истата вест ја објавува со болдиран наслов ,,И градежниците и граѓаните среќни од намалувањето на ДДВ-то за станови,,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG