Достапни линкови

Косово почна да го отплаќа долгот кон Светска банка


Косовските власти соопштуваат дека почнале да го отплаќаат долгот од 381 милиони евра кон Светската банка. Претставникот на министерството за економија на Косово Мухарем Шаини вели дека првата рата е околу 9 милиони евра.
До лани, косовскиот долг го сервисираше Србија, зашто го смета Косово за дел од својата територија. Откако Косово прогласи независност и стана член на Светската банка, Банката побара Косово да си го плаќа долгот.
XS
SM
MD
LG