Достапни линкови

Чавез во Москва на разговори со Медведев и Путин


Претседателот на Венецуела Уго Чавез денеска во Москва ќе разговара со рускиот претседател Дмитриј Медведев и со премиерот Владимир Путин. Според Кремљ, разговорите ќе бидат фокусирани врз склучување договори за енергетска и воена соработка. Чавез, кој пристигна вчера во Москва, изјави дека Венецуела ќе ги признае грузиските отцепени региони Абхазија и Јужна Осетија, како дека има има намера да купи руски тенкови, како одговор на воената соработка меѓу Соединетите Држави и Колумбија.
XS
SM
MD
LG