Достапни линкови

Орден „8 Септември“ за поранешниот германски претседател Роман Херцог


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид ќе го одликува поранешниот претседател на Сојузна Република Германија Роман Херцог со орденот „8 Септември“, највисокото одликување кое може да го добие еден странски државјанин. Орденот на Херцог му се доделува поради неговите исклучителни заслуги за јакнење на меѓународната положба на Македонија, особено како член во бадентеровата комисија, која одлучи дека земјава има право да се одвои од поранешната југословенска федерација, соопшти кабинетот на претседателот.
XS
SM
MD
LG