Достапни линкови

Груевски не ја прифати оставката на Јанакиески


Македонскиот премиер Никола Груевски не ја прифати оставката на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, која тој ја понуди како морален чин поради бродската несреќа во саботата во Охрид. Премиерот Груевски, потврдија за МИА владини претставници, решил да не ја прифати оставката, водејќи се од реалната и фактичка состојба која не укажува на одговорност на министерот, а која е поткрепена и од мислењата на експертите и водејќи се од препораката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG