Достапни линкови

Бериша ја претстави новата влада


Премиерот на Албанија Сали Бериша синоќа ја претстави новата Влада во која шеф на дипломатијата е поранешниот премиер Илир Мета кој ќе ја извршува и функцијата вицепремиер. Мета, кој е лидер на Социјалистичкото движење за интеграција, во јули прифати да влезе во владата на Бериша, чија демократска партија на изборите во јуни доби доволно мнозинство за самостојно формирање влада. Партијата на Мета ги доби и министерствата за економија и за енергетика.
XS
SM
MD
LG