Достапни линкови

Со нова рекламна кампања ќе се спречува корупцијата


Скопје
Скопје

Државната комисија за спречување на корупцијата со нова кампања ќе ја расчистува корупцијата во образованието, здравството, администрацијата и правосудството. Експертите велат дека ваквиот пристап има за цел само да се смени перцепцијата кај луѓето, без конкретна акција.

Државната комисија за спречување на корупцијата со нова кампања ќе ја расчистува корупцијата во образованието, здравството, администрацијата и правосудството. Преку рекламни спотови, плакати и брошури тие ќе ја будат свеста на граѓаните, како да ја препознаат и пријават корупцијата. Јавноста треба констатно да се информира, бидејќи корупцијата постојано е присутна вели претседателот на комисијата Мирјана Димовска.
Ако ние ја немаме рeално борбата против корупцијата во рамките на надлежностите на Комисијата, ние најмалку би имале мотив да градиме уште посензибилизирана перцепција


„Проблемот е во тоа што не завршува. Вие можете да направите многу, да поентирате во одреден момент, но никогаш немојте да бидете толку лабави дека ќе ја совладате и дека веќе ќе немате потреба да се занимавате со сето ова. Ниту една држава, тоа ниту го признава, ниту го прифаќа, ниту е така. Значи перманентна едукација, перманентна превенција.“

Кога државата прави вакви кампањи таа има за цел само да ја смени перцепцијата кај луѓето за нејзиниот однос кон проблемот, вели Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија. Подигање на нивото на свест е важно, но е безкорисно кога не е проследно со конкретна акција, вели тој.

„Оваа Влада покажа дека е многу вешта особено во менувањето на перцепциите, а не суштинските состојби. Значи свеста кај населението и кај граѓаните е важно за одреден проблем меѓутоа со свеста неможе да се сменат нештата доколку не следуваат и конкретни акции.“

Доколку кампањите не се успешни во борбата против корупцијата, ние нема да спроведуваме нови, вели Димовска.
Оваа Влада покажа дека е многу вешта особено во менувањето на перцепциите, а не суштинските состојби


„Ако ние ја немаме рeално борбата против корупцијата во рамките на надлежностите на Комисијата, ние најмалку би имале мотив да градиме уште посензибилизирана перцепција.“

Кога има судир на интереси во државата и одлуките се донесуваат нетранспаретно тогаш проблемите неможат да се решат, вели Ордановски.

„Кога имате 50 функционери кои што се од едно исто семејство, баџанаци, кумовкси, комшиски, за какво решавање за кои конкретни случаи ние разговараме. Па, самата таа ситуација создава претпоставки да потоа средствата за оддржувањето на обуки не бидат транспарентни. И сега од каде да почнеме, со која јавна кампања и лепење плакати, може да го реши овој проблем.“

Кампањата на Државната комисија за спречување на корупција е со подршка на УСАИД. Во 2008 година тие примиле 767 пријави. Решени се 567 предмети, а поднеле 27 иницијативи за покренување кривична постапка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG