Достапни линкови

Промовиран мултиетнички водич


Куманово

Куманово

Локалната самоуправа во Куманово, промовираше водич на јазиците на етничките заедници. Авторот на водичот, Дарко Јаневски вели дека повеќејазичноста во некои општини ја наметнува потребата на припадниците од етникумите да им се појасни законот каде и кога можат да го користат нивниот мајчин јазик.

Локалната самоуправа на Куманово е една од мултиетничките средини во државава, која се залага за што подобро интегрирање на граѓаните од сите етнички заедници кои живеат во неа. Токму затоа, а во присуство на претставници од соседните локални самоуправи Липково и Старо Нагоричино и невладиниот сектор промовиран е водичот на јазиците на етничките заедници. Проектот е реализиран од Здружението на граѓани „Заеднички вредности“ од Скопје. Авторот на водичот е Дарко Јаневски кој вели дека последнава деценија двојазичноста во државава, или повеќејазичноста во некои од општините ја наметнува потребата на припадниците од етникумите да им се појасни законот каде и кога можат да го користат нивниот мајчин јазик.

„Водичот е преведен на сите седум јазици на заедниците кои се споменати во преамбулата на Уставот.“

Вели Јаневски. Здружението на граѓаните „Заеднички вредности“ во соработка со Институтот за отворено општество во Македонија и повеќе од десет невладини организации го реализирале проектот „Живеење во мултиетничка средина-граѓани со еднакви
Водичот е преведен на сите седум јазици на заедниците кои се споменати во преамбулата на Уставот
права,можности и заштита, а финансиран е од Институтот за отворено општество и од Европската унија.

„Целта е промовирање на правата на етничките заедници кои живеат во РМ. Водичот е публикуван на сите јазици кои се говорат во Македонија и на англискиот. Наменет е за граѓаните на РМ и за НВО за да им се доближат информациите за правата на нивниот јазик.“

Смета Хајрие Ахмед.
Куманово како мултиетничка средина е репрезент на мултиетничноста во Македонија вели кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски и додава дека процентите на застапеноста на етничките групи статистички се аналогни на демографијата на Македонија.

„Мислам дека тоа е добар чекор бидејќи на таа тема се дига голема тензија во РМ. Воената криза и Рамковниот договор потоа ги дефинираа овие работи.“

Затоа Дамјановски смета дека разрешувањето на овие проблеми води кон развојот на демократијата во нашата држава,особено на правата на етничките заедници и нивното интегрирање во општеството.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG