Достапни линкови

Чавез сака сојуз со Белорусија


Претседателот на Венецуела Уго Чавез изрази задоволство од добрите односи на неговата земја со Белорусија и изјави дека двете земји може да формираат сојуз. Според соопштението од кабинетот на претседателот на Белорусија, Чавез зборувал за „потребата од создавање нов сојуз на републики“.
Чавез треба да ја заврши посетата на Белорусија денеска, по што заминува во Русија. Предвидено е утре да се сретне со рускиот премиер Владимир Путин и со претседателот Дмитриј Медведев.
XS
SM
MD
LG