Достапни линкови

Казахтански весник осуден за нарушување на углед на банка


Казахтанскиот суд одлучи дека весникот Республика треба да и плати оштета од 400 илјади долари на банката БТА, поради тоа што предизвикал намалување на депозитите во банката. Адвокатот на весникот информира дека судот одлучил оти текстовите што ги објавил весникот допринеле до намалување на депозитите во банката за 45 милиони долари. Тој соопшти дека весникот ќе ја обжали пресудата.
На почетокот на годинава казахтанската влада го презеде управувањето со банката, со ообразложение дека тој потег бил неопходен за да се спречи нејзино пропаѓање.

XS
SM
MD
LG