Достапни линкови

logo-print

Германски пратеник обвинет за педофилија


Државното обвинителство во Карлсруе, денеска, подигна обвинение против пратеникот во германскиот сојузен парламент Јерг Таус, поради поседување и ширење детска порнографија.
По претресите, во неговиот дом е пронајдена детска порнографија. Тој тврди дека е невин и дека тој материјал му бил неопходен, зашто како пратеник и експерт за медиумска политика истражувал и можна порнографска злоупотреба на деца и млади во електронските медиуми.
Отако само Таус гласаше против, Бундестагот, вчера, му го одзеде пратеничкиот имунитет.
XS
SM
MD
LG