Достапни линкови

Што ќе донесе извештајот на ЕК за Македонија?


Знамето на Европската Унија

Знамето на Европската Унија

Македонија и оваа есен се надева дека ќе ја надмине фазата на земја кандидат и во октомври во извештајот на Европската Комисија, очекува да добие препорака за датум за преговори. Дури и да се добие долгоочекуваниот датум за преговори тоа е постапка која што трае неколку години, велат експертите.

Со доза на скептицизам, но и со охрабрувачки пораки Македонија и оваа есен по четврти пат се надева дека ќе ја надмине фазата за земја кандидат и во октомври ќе добие препорака од ЕК за добивање на датум за преговори. Владата верува дека голем дел од обврските кон Брисел се исполнети. Еврокомесарот Оли Рен уште еднаш со изјава дека Македонија најверојатно ќе биде следната земја што ќе започне преговори за членство во Унијата. Доколку позитивната препорака во претстојниот извештај на ЕК ја добиеме, со тоа за Македонија започнува еден долг процес на скрининг на законодавството кој може да трае и неколку години, појаснува политичкиот аналитичар Марија Ристевска.
За преговори за членство на една земја во ЕУ, се вклучени најмалку 1000 експерти од сите области за сите поглавја од европското законодавство. Во Македонија експерти за европско законодавство и воопшто за политиките на ЕУ, нема толку, во толкав број


„Значи датумот за преговори откога ќе заврши самиот скрининг на земјата, го определува ЕК, но најпрво ќе треба да утврди која е состојбата на теренот. Значи до каде сме со приближувањето на законодавството и кои се проблематичните области каде што ќе треба да и се даде на земјата поддршка.“

Колку повеќе Македонската Влада е свесна и се приближила до вистинските интереси на граѓаните толку посилни ќе бидат нејзините преговарачки позиции, појаснува Ристеска која не очекува дека спорот за името со соседна Грција, ќе има влијание врз текот на преговрите, но со голема извесност доколку не биде надминат може да доведе до уште еден Букурешт кога ќе дојде до моментот да се донесе одлуката за прием. Во овој момент за делотворни и успешни преговри, Ристеска посочува на уште еден проблем со кој Македонија може да се соочи, а тоа е дали имаме човечки капацитет за водење на преговорите.

„За преговори за членство на една земја во ЕУ, се вклучени најмалку 1000 експерти од сите области за сите поглавја од европското законодавство. Во Македонија експерти за европско законодавство и воопшто за политиките на ЕУ, нема толку, во толкав број.“

За земјава е важно преговорите да почнат , додава Ристеска, бидејќи со тоа меѓу другото се отвараат и нови фондови кои ќе бидат насочени кон подобрување на капацитетите на земјава и приближување кон стандардите и вредностите на ЕУ. Професорот Јетон Шасивари пак, е сеуште воздржан во поглед на понатамошните чекори и очекува и позитивни и негативни овенки во есенскиот извештај.

„Сега за сега сметам дека сериозни индиции за таква препорака од Брисел немаме.“

Додава Шасивари.
XS
SM
MD
LG