Достапни линкови

Македонија на 32 место за почнување бизнис


Македонија е рангирана на 32 место на листата на Светска банка ,,Дуинг Бизинис 2010,, меѓу 183 држави и оствари скок од 37 места во однос на минатата година. Македонија е најдобро рангирана во категоријата „започнување бизнис“ при што се нагласува дека фирма се регистрира со 4 процедури за 4 денови, без минимален капитал. Истовремено, Македонија е трета меѓу реформаторите во светот на листата што Светска банка ја објавува, заедно со извештајот Дуинг Бизинис.
XS
SM
MD
LG